Почина поранешниот претседател на Црвениот крст на Република Македонија
По кратко боледување денеска на 65-годишна возраст почина поранешниот претседател на Црвениот крст на Република Македонија д-р Милчо Трајков.
Трајков беше претседател на Црвениот крст на Република Македонија од 2008 до 2017 година. Како долгогодишен волонтер од 80-тите години на минатиот век активно беше вклучен во акциите и активностите што ги организираше Црвениот крст, пред се во делот на здравствено – превентивни активности.
Смртта го затекна на функцијата претседател на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес.
Во негово сеќавање утре во 11:30 часот во големата сала на Општина Велес ќе се одржи комеморативна седница, а посмртните останки ќе бидат изложени во црквата „Свети Пантелејмон“ на гробиштата во Велес во 13:00 часот
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023