Свет
24. October 2016 - 11:06

Почина поранешниот емир на Катар, шеикот Калифа Ал Тани почина на 84 години

Поранешниот емир на Катар шеикот Калифа бин Хамад Ал Тани почина синоќа на 84 години, јави катарската агенција КНА.

Шеик Калифа Ал Тани управуваше Катар од 1972 до 1995 година, кога беше соборен со ненасилен преврат од неговиот син шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, татко на сегашниот Емир Шеик Тамим. Шеик Хамад ја предаде власта на својот син шеикот Тамим во 2013 година, за да се обезбеди непречена транзиција на управувањето.

Поради смртта на шеикот Калифа во Катар ќе има тридневна жалост.