Loading Video...
Свет
24. March 2018 - 20:12

Почина полицаецот кој се замени за заложниците во Франција

Полицаецот кој се понуди доброволно себеси во размена на заложниците  во текот на терористичкиот напад врз супермаркет во францускиот град Треб , почина од здобиените повреди.Со ова бројот на жртви се искачи на четири лица, а уште 16 лица се ранети, од кои две се во тешка состојба. Напаѓачот пукал во 45-годишниот полицаец Арно Белтрам  и тешко го повредил. Полицијата набргу  потоа го уби напаѓачот.Утврден е неговиот идентитет тоа е Редуан Лакдим  26-годишен доселеник од  Мароко, жител на  Каркасон.Напаѓачот им бил веќе познат на разузнувачките служби. ИД објави дека нападот е нејзино дело.Синоќа француската полиција приведе лице за кое се верува дека е вмешан во нападот. Притворениот е малолетен, роден во 2000 година, и бил пријател на напаѓачот.Жена поврзана со Лакдим беше уапсена вчера.