Македонија
25. October 2016 - 13:04

Почина пешакот прегазен од Југо

Во текот на вчерашниот ден за време на празничниот викенд, се случи трагедија во Македонија. Во 15 часот и 27 минути било пријавено дека починал 76-годишниот Р.В.  од Кавадарци, кој на 06 месецов во Кавадарци, во сообраќајна незгода, беше удрен од возило марка „Југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.А. од Кавадарци.
 
По незгодата пешакот бил пренесен во  Кавадарци, од каде бил префрлен во Клинички центар Битола. По операција истиот бил пренесен да престојува во Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“- Прилеп, каде на 23 во 14.00 часот починал. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот била извршена обдукција, по што телото било предадено на семејството за погреб.