Македонија
12. December 2015 - 21:47

Почина пешак по удар од автомобил на регионалниот пат Тетово-Јашинце

Б.Б. (52) од Тетово го загубил животот откако бил удрен од автомобил Ауди 80 со тетовски регистарски таблички што го управувал  Љ.А. (54) од тетовското село Лешок.

Според информациите од тетовското јавно обвинителство сообраќајната несреќа се случила вечерва околу 17 часот и 45 минути на регионалниот пат Тетово-Јажинце во близина на селото Одри.

Првичните информации од увидот покажуваат дека пешакот од ударот со автомобилот починал на самото место и неговото тело по наредба на јавниот обвинител е предадено за обдукција.

Засега не се знаат причините за сообраќајката а увид на местото од несреќата извршиле јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа на СВР Тетово.