Македонија
4. December 2021 - 11:15

Почина пешак по удар од автомобил

23-годишно лице со „ауди А4“ прегазило пешак на магистралата Охрид-Ресен.

- На 03.12.2021 во 16.30 часот, на мaгистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.П.(23), удрило во пешакот Д.Т.(68), двајцата од село Лескоец. На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.

Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.