Џет-Сет
4. March 2019 - 13:44

Почина пејачот на Продиџи

Пејачот на групата „Продиџи“, Кит Флинт почина на 49-годишна возраст. Тој е пронајден мртов во својот стан во Англија, утрово околу 8 часот, кога од имотот на кој живеел била повикана полиција и брза помош.Причината за смртта се уште е непозната. Како што јавува „Сан“, полицајците остануваат на местото на настанот, но неговата смрт не се третира како „сомнителна“.
 
Продиџи изникна од „андерграунд“ рејв сцената, на почетокот на 90-тите, за да стане еден од најпознатите  бендови во Велика Британија. Тие се најдоа на врвот на топ листите во Велика Британија со „Firestarter“ и „Breathe“ во 1996 година и направија шест „број 1“ албуми.
 
Флинт стана култна фигура во британската музичка сцена со неговите енергични настапи во живо и карактеристична коса и тетоважи. Роден во Источен Лондон, тој се преселил во Есекс, како дете и го сретнал ко-основачот на Продиџи, Лијам Хаулет, во ноќен клуб во градот.
 
Флинт првично беше танчер во групата, но потоа беше избрана за пејач на култната „Firestarter“.