Почина новороденчето на ракометарот кој направи хаос во породилиштето | Сител Телевизија
Балкан
16. May 2018 - 13:33

Почина новороденчето на ракометарот кој направи хаос во породилиштето

Предвремено роденото бебе на познатиот српски ракометар Недељко Јовановиќ починало денес рано наутро, пренесуваат српските медиуми.

Ракометарот Јовановиќ синоќа бил сослушан синоќа поради обидот да влезе во родилиштето.

Недељко Јовановиќ е ракометарот кој направи хаос во родилиштето откако неговата свршеница се породи во 22 недела. Бебето тежело 600 грама.

И покрај напорите на лекарите, неонатолозите и педијатрите, бебетo починало.