Спорт плус
7. March 2018 - 9:24

Почина носителот на златен медал од специјалната олимпијада Дарко Арсов

Освојувачот на златен медал во пливање на Специјалната олимпијада во 2011г Дарко Арсов  по долгогодишно боледување почина на 37 годишна возраст.

Дарко чекаше да биде најден донор за трансплатација на црн дроб, но не дочека тоа да се случи.

 

-Со огромна тага и жалење ја споделуваме веста за смртта на нашиот атлет Дарко Арсов. По долгогодишно боледување, златното момче ја изгуби битката. Дарко Арсов ќе го паметиме по неговиот ведар дух, хуморот кој во себе го носеше и златниот медал во пливање на 50 метри од олимписките игри во Атина 2011 година.
Искрено сочувство до семејството ја соопштија тажната вест од  Специјалната олимпијада на Македонија.