Живот
21. January 2019 - 14:21

Почина најстарата Русинка, имаше 128 години

Најстариот човек во Русија – Нана Шаова почина на 128-годишна возраст, во градот Баксан во Република Кабардино-Балкарија.

Ова го објави Регионалната администрација на официјалната Инстаграм страница. Жената беше официјално призната за највозрасната личност во Русија од јули 2017 година.

Според кажувањата на синот на Нана, таа има осум деца, 19 внуци, 33 правнуци и седум праправнуци.