Македонија
19. јуни 2020 - 10:45

Почина мотоциклист во тешка сообраќајна незгода

Вчера вечерта во 23,26 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со српски национални ознаки со полуприколка управувано од

А.К.(41) од Р.Србија, и мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.П.(32) од с.Стајковци-скопско. Во незгодата моторциклистот починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.