Македонија
13. January 2021 - 16:10

Почина медицинска сестра од ГОБ „8 Септември“ поради компликации со Ковид-19

Почина уште едно медицинско лице поради компликации со корона вирусот. Станува збор за медицинска сестра, вработена во ГОБ „8 Септември“.

- Почитувани членови со огромна жалост ви соопштуваме за прерано згаснатиот живот на уште една наша колешка, жртва на ковид пандемијата, сестра Нашиде Емини (Naside Emini 1961-2021) која долги години беше дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје.

Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.

Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски, пишуваат од Здружението на медицински сестри „За нас“.