Почина Марио Ѓурчиновски, координаторот на Едукативниот центар во ФФМ
Македонскиот фудбал денеска загуби голем фудбалски работник во Марио Ѓурчиновски кој почина на 47-годишна возраст.
Последниот ангажман го имаше во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), каде беше координатор за едукација на тренери.
ФФМ на Фејсбук се прости од Ѓурчиновски.
„Марио.
Единствена и неизмерна љубов.
Оставаш големо сведоштво за тоа каков е човекот со сета своја кршливост и сила.
Ти благодариме за емоциите, за среќата, за твоето огромно срце кое никогаш нема да престане да чука.
Ќе те сакаме засекогаш…
Фудбалската федерација на Македонија засекогаш ќе биде твојот дом.
Твоите „слабости“, твоите „грешки“ се еднакви на твојата огромна големина.
Благодариме Марио што си и ќе останеш со сите нас.
Единствена и неизмерна љубов.
Тагуваме за најголемиот професионалец во нашата куќа.
Ѕвезден, неповторлив…
Син, пријател, татко, сопруг, брат…
…Марио.
Единствена и неизмерна љубов!
Фудбалската федерација на Македонија и целото наше семејство ќе те сака засекогаш.“
Ново на Сител
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен
-
Австралијци казнети за лажирање рак кај своето дете
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на 5 мали дечиња од Кичево, татко им починал во сон, мајката ги напуштила