Почина македонскиот актер Димче Мешковски
На 77 годишна возраст почина Димче Мешковски, македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист. Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.
Беше глумец во Драмски театар-Скопје.
Остварил улоги во многу театарски претстави како „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, телевизиски серии како „Македонски народни приказни“, радио-драми и хумористични серии меѓу кои и „Хихирику“ и играни филмови како „Викенд на мртовци“.
Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови меѓу кои и Гаргамел во „Штрумпфови, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.
Тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк