Фудбал
5. January 2019 - 13:03

Почина легендарниот Шекуларац

Во Белград во 82. година од животот почина  еден од најдобрите дриблери во историјата на југословенскиот фудбал, Драгослав Шекуларац.

Тој беше стандарден член на Југословенскиот фудбалски тим, за кој играше на 41 натпревар и постигна шест гола.

Драгослав е роден во Штип во 1937 година, но се школувал во Белград, каде што  Димитрије Милојевиќ, поранешен фудбалер и  тренер го забележал талентираниот Шекуларац во  дворот на втората  машка гимназија. На 16 години, го има  своето прво појавување во црвено-бело, а една година подоцна во репрезентативниот дрес.

За клубот од Љутице Богдана дебитираше во 1955 година, а за 11 години во клубот  одигра 470 натпревари и постигна 119 голови

Шеки имаше желба да го нагласува позитивното салдо во дербијата против Партизан како дерби кое  се смета за најважно во неговата кариера. Тој често знаеше да ги истакне советите на легендарниот Рајко Митиќ, но и чувството да се постигне гол против големиот ривал со помалку од 18 години.