Спорт плус
4. September 2018 - 19:36

Почина легендарниот боксер Марјан Бенеш

Во Бања Лука почина еден од најголемите европски и југословенски боксери на сите времиња Марјан Бенеш . 
Бенеш е роден во Белград 1961 година а детството го минува во Тузла, Би Х.  Боксерската кариера ја започнува на 16 години во  клубот Славија во Бања Лука и го привлекува вниманието со својот бескомпромисен и офанзивен стил.
Беше повеќекрате  шампион на Југославија а титулата европски првак во аматерска конкуренција ја освојува на ЕП во Белград 1973.година која успева да ја одбрани четири пати. Зад себе има 299 мечеви од кои  272 победи. Како професионалец забележа 15  меча со 14 победи. 
Во 1979 година стана европски шампион по триумфот со нокаут против Гилберт Коен на меч одржан во Бања Лука.