Џет-Сет
6. April 2016 - 12:29

Почина легендарниот „адмирал Акбар“ од „Војна на ѕвездите“

Актерот Ерик Бауерсфелд, кој се прослави со улогата на култниот адмирал Акбар во филмот „Војна на ѕвездите“, почина во 93-та години од животот, објави „ЈУ-Ес Магазин“.

Бауерсфелд го позајми гласот на ликот на адмиралот Акбар во „Враќањето на џедајот“, а се појави и во новото продолжение на серијалот „Силата се буди“. 

Иако многумина не го познаваат по името или ликот, сите фанови на серијата ја знаат неговата легендарна фраза „It's a trap“ (Ова е стапица) која од филмот се прошири во популарната култура.

Освен Акбар во „Војна на ѕвездите“, Бауерсфелд го играше и Биба Фортјун, а беше и еден од најпочитуваните драматурзи во САД.