Loading Video...
Свет
18. August 2018 - 18:39

Почина Кофи Анан

Кофи Анан беше првиот црн Африканец избран на функцијата прв човек на ОН. Ја извршуваше два мандати  од 1997 до 2006 година. Во 2001 година  заедно со организацијата  ја доби Нобеловата награда за мир за нивната  работа кон подобро организиран и помирен свет.

- Жалиме за големиот човек, лидерот и визонер, некогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан. Убаво прижиеван  животот. Живот вреден за славење, стои во реакцијата  на ОН по повод смрта на Анан.

Фондацијата која го носи неговото име во објавеното соопштение го опиша Анан како глобален државник и длабоко посветен интернационалист кој се бореше низ својот живот за поправеден и помирен свет. Тој беше генерален секреат на ОН во периодот  на реформирање на меѓународното тело, но и во периодот на Иранската војна и панедемијата на ХИВ/СИДА во светски рамки.

Функционер во Светската здравствена организација, помошник генерален  секретар за мировните операции на ОН во БиХ, специјален пратеник на ОН за Сирија   е дел од неговата богата работна биографија.   За свое најголемо достигнување Анан ги сметаше Милениумските развојни цели усвоени на самитот на ОН  во 2000 година , со кои за  прв пат се поставија глобални цели по прашањата за борба против сиромаштија и смртноста на децата. Беше фален но и критикуван Неговите криткичари го обвнуваат за неуспехот на ОН за го спречат геноцидот во Руанда во 90 тите години на минатиот век , кога тој беше шеф на мировните оепрации на организацијата.

Дипломатот  од Гана, почина на 80 годишна возраст  во болница во Женева  по кратко боледување.  Беше оженет и татко на три деца.