Живот
30. March 2018 - 20:47

Почина југословенската легенда: Ја претставуваше Југославија на Евровизија, неговите песни сите ги знаат

Легендата на југословенската и босанската музика Сабахудин Курт почина утрово околу 6 часот во 83. година од животот, потврдено е за порталот Аваз.ба.

Бах, како што го нарекуваа, е прв пејач од Босна и Херцеговина кој ја претставуваше Југославија на Евросонг, 1964 година, со песната „Живот ја склопио круг“.

Роден е во Сараево 1935 година, а со сопругата Исмета се ожени во 1968 година и има два сина, Дамир и Алмир.

Срцев удар доживеа во 2007 година кога му е вграден бајпас и му е наруѓено здравјето.

-Беше болен од срце, но почина од природна смрт, рекоа членовите на семејството.

Ова е песната со која ја претставуваше Југославија на Песната на Евровизија во далечната 1964 година: