Џет-Сет
13. October 2016 - 11:24

Почина италијанскиот писател, актер и Нобеловец Дарио Фо

Италијанскиот драмски писател, актер и Нобеловец, Дарио Фо, почина на 91-годишна возраст, соопшти денеска Владата на Италија.

Фо, кој е познат по политичките сатири, како „Случајната смрт на еден анархист“, доби Нобелова награда за книжевност во 1997 година. 

Делата на Дарио Фо изобилуваат со организиран криминал, политички корупции, политички убиства, доктрините на Католичката црква и конфликтите на Блискиот Исток.

Тој заедно со неговата сопруга, актерката Франка Рама, е основач на една театарска трупа. 

Дарио Фо е роден на 24 март 1926 година во италијанското место Санџано. Тој е автор на околу 70 претстави, од кои најпознати се „Ние нема да платиме! Ние нема да платиме! и „Случајната смрт на еден анархист“.

Неговите дела се изведувани во целиот свет, од Аргентина, Чиле, Велика Британија, Холандија, Полска, Романија, Јужнофриканска Република, Јужна Кореја, Шпанија, Шри Ланка, Шведска и во поранешна Југославија.