-->
-->
Почина и убиецот на градоначалникот Идризи
-->
Почина Ќ.А. (53) од село Боговиње кој изутринава го уби градоначалникот на Боговиње Хазби Идризи. Ќ.А. им подлегнал на повредите во Ургентиот центар во Скопје каде беше префрлен откако самиот се застрела во главата по вербалната расправија и убиството на Идризи во угостителски објект во непосредна близина на општината.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, денеска во 10:45 часот Идризи бил донесен во Медицинскиот центар Тетово со повеќе прострелни рани по телото добиени од огнено оружје, по што било констатирано дека бил починат.
На настанот му претходела вербална расправија помеѓу Х.И. и Ќ.А.. Набргу потоа, Ќ.А. се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум во пределот на главата. Тој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински Центар Тетово, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје, каде им подлегна на повредите.
Увид на местото на настанот вршат Јавен обвинител и увидна екипа од Сектрот за внатрешни работи Тетово. За сите понатамошни мерки по завршување на увидот ќе бидат дадени насоки од надлежниот Јавен обвинител, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите