Свет
9. October 2016 - 14:55

Почина и последниот водач на пучот во Грција во 1967 година

Еден од водачите на пучот во Грција во 1967 година и поранешен министер за внатрешни работи на таа земја Стилијанос Патакос, почина вчера во 103. година од животот, по мозочниот удар што го претрпе. 

Патакос, кој беше последниот преживеан од водачите на пучот, беше бригаден генерал и командант на вооружените сили во Атина, кога ја презеде една од одлучувачките улоги во пучот, кој е извршен на 21 април 1967 година. 

Осуден беше на смрт во 1975 година поради улогата во пучот, но подоцна казната му е намалена на доживотен затвор. Од затвор е пуштен од здравствени причини во 1990 година.