Свет
1. April 2016 - 13:59

Почина Ханс Дитрих Геншер

Поранешниот министер за надворешни работи на Германија Ханс Дитрих Геншер почина на 89 годишна возраст, соопшти денеска претставник од неговиот кабинет. 

- Ханс Дитрих Геншер почина ноќеска на 89-годишна возраст во присуство на членовите од семејството во својот дом во Вахтберг, се наведува во соопштението од кабинетот на поранешниот германски министер за надворешни работи. 

Како што се наведува, тој починал од последици на кардиоваскуларно заболување, пренесува Танјуг.