Македонија
7. April 2021 - 11:01

Почина Елизабета Бабунска за која се собираа донации за лекување во странство

Почина Елизабета Бабунска - 42 годишната скопјанка за која граѓаните собираа донации до пред неколку месеци. Самата ја раскажа трогателната приказна но не успеа да се избори за живот. 

Веста дека Бабунска починала ја објави вчера Отец Оливер Петровски од организацијата Свети Спас.

Бабунска имаше рак на желудникот, а по интервенција потоа желудникот беше отстранет. Сепак се утврдило дека има и метастази и се собираа пари за лекување во странство.

Елизабета е мајка на две малолетни деца, Лина која има 8,5 години и Јаков кој има четири години.