Живот
11. April 2018 - 13:52

Почина ѕвездата од Жикина династија

Српската актерка Јелена Јовановиќ Жигон почина вчера на 85-годишна возраст. Жигон почина во болница во Белград по кратко боледување, соопштија српските медиуми. 
 
Таа е најпозната по улогата на Јелена во филмовите „ Жикина династија“. Во текот на својата кариера глумела во многу филмови, серии и театарски претстави.