Почина Димитар Стојчевски, еден од основачите на Меѓународната ликовна колонија “Св.Јоаким Осоговски”
Во Крива Паланка, на 81 – годишна возраст синоќа почина Димитар Стојчевски, основоположник на Кривопаланечкото сликарство, еден од основачите на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски” и доајен од повоената генерација македонски сликари, информираат од Локалната установа Градски музеј, Крива Паланка.
Стојчевски беше роден 1940 година во Сисак, Република Хрватска. Средното училиште го завршил во Скопје на одделот за декоративно сликарство во 1959 година, по што се запишал на Академијата за ликовна уметност во Белград.
Од 1969 година беше член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а истата година бил вработен на Градежниот факултет во Скопје.
Во 1987 година, заедно со други ентузијасти, ја формирал Интернационалната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски„ која се одржува во истоимениот манастир во Крива Паланка .
Автор е на бројни самостојни изложби одржани во Скопје, Куманово, Крива Паланка , Струмица, Гевгелија и други градови, а настапувал на групни изложби во Белград , Скопје, Ријека, Задар, Софија, Пловдив, Велингтон, Париз , Цетиње, Задар и др.
Делата на Стојчевски се наоѓаат во многу приватни збирки и колекции во Македонија, Грција, Германија, Шпанија, Англија и САД.
Добитник е на повеќе награди меѓу кои и наградата ,,Нерешки мајстори”.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари