Почина човекот кој го создаде „Спајдермен“
Алвин Сарџент, двократниот оскаровец кој го напишал сценариото за трилогијата за Спајдермен умрел во четвртокот во 92. година од животот, во својот дом во Сиетл.
Наградата Оскар за најдобро адаптирано сценарио ја освоил два пати, а за филмот за ужасите на Холокаустот, „Јулија“ од 1977 година, базиран на личните списи на Лилијан Хелман и за филмот на „Обични луѓе“ од 1980 година за американско семејство кое се соочува со бројни тешкотии.
Во 1974 година, Сарџент бил номиниран за Оскар за филмот „Месечина од хартија“. Публиката го памети и по подоцнежната работа на акциските филмови за Спајдермен. Сарџент во 2004 година, го напишал сценариото за филмот „Спајдермен 3“, а во 2007 година за „Спајдермен 3“.
Во 2012 година, Сарџент напишал нова трилогија на делото на Сем Рами во режија на Марк Веб. „Спајдермен“ е американски филм од 2002 година, прв во трилогијата и во режија на Реми, а се темели на истоимениот јунак од стриповите на „Марвел“.
Сарџент ја започнал кариерата пишувајќи сценарија за телевизиите, а на големиот екран се појавил во 1966 година за трилерот „Необична кражба“ со Мајкл Кејн во главната улога.
Имал две ќерки, и се женел два пати.
Меѓу цитатите кои му се припишуваат на Сарџент е оној: „Кога ќе умрам, нека на надгробната плоча пишува „конечен заплет““.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка