Македонија
2. September 2021 - 21:33

Почина братот на претседателот Пендаровски

Братот на Стево Пендаровски, Војче, почина во сопствениот дом во скопската населба Мичурин, информираат од кабинетот на претседателот.

Увид на лице место на 27.08. 2021 беше извршен од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител. При тоа, не се утврдени никакви знаци на насилство.

Погребот е спроведен во кругот на најблиските роднини и пријатели со почитување на Ковид протоколите.