-->
-->
Почина Бернардо Бертолучи, режисер на легендарниот филм „Последниот император“
-->
Почина Бернардо Бертолучи, чиј легендарен филм „Последниот император“ освои девет Оскари и кој влијаеше на генерации филмаџии со други важни дела како „Конформистот“ и „Последното танго во Париз“, во кои ги истражуваше политиката и сексуалноста преку лично раскажување и смела камера.
Тој почина на 77 години. Неговата публицистка, Флавија Скиави, рече дека Бертолучи починал утрово околу 7 часот од рак.
Најголемиот италијански автор во својата генерација, Бертолучи успеа да работи и во Европа и во Холивуд, иако неговиот однос со студијата имаше свои подеми и падови. Но дури и кога работеше во рамките на системот на студијата, Бертолучи секогаш успеваше да направи филмови што се сметаа за проекции на неговиот внатрешен свет, вели „Вараети“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во хотел во Радожда, изгореле три соби и кровот
-
Договор меѓу Македонија и Грција за заштита на разменетите класифицирани информации
-
Во Србија почна пописот на македонските државјани
-
Европската Комисија ќе предложи “дигитален пасош“ за Ковид-19
-
Изготвен безбедносен план за Мијалков во затворот во Скопје
-
Маричиќ: За бегството на Мијалков знаевме два дена пред тоа да се случи
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Доколку имало пропусти, одговорност за случајот со Мијалков ќе има, порача Заев