Македонија
9. November 2015 - 17:07

Почина бебе во болница во Кавадарци

Почина новороденче од Кавадарци. Смртта на детето ја констатирале докторите од итната медицинска помош. Рано утринава добиле повик за интервенција од родителите на бебето старо 40-тина дена. Тие во брзата помош пријавиле дека новороденчето не дава знаци на живот. Веднаш пристигнал медицинскиот тим на итната помош. Биле алармирани и лекарите од кавадаречката болница. Со возилото на итната помош детето таму било транспортирано. Безуспешни биле обидите на лекарите да се спаси детскиот живот. Тие само ја констатирале смртта на новороденчето.

Лекарите од здравствениот дом случајот го пријавиле во полиција. Известено било и јавното обвинителство. Полициска екипа разговарала со родителите а по наредба на јавниот обвинител, бебето е испратено за обдукција. Наодот на судска медицина треба да покаже од што починало детето. Инаку за околу два месеца ова е втор смртен случај на новороденче во Повардарието. Во септември почина бебе старо 10 дена во Велес.