Живот
21. December 2016 - 20:21

Почина баба Милка - дадилката на децата на Трамп

Милка Милисављевиќ, Србинката која кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите ги чуваше двајцата синови на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, почина синоќа во 85. година од животот во болницата во Белград, по кратко боледување.

Оваа Белграѓанка во куќата на Трамп поминала 8 години, и како што изјави има многу убави спомени од таму.

Foto: Printscreen

Последните 15 години баба Милка живееше во својот стан во Гроцка, а дури неодамна откри дека била дадилка на децата на новиот американски претседател.

Foto: Stefan Jokić

Милка Милисављевиќ ќе биде погребана во сабота на гробиштата во Гроцка. Зад себе остави двајца синови кои живеат во САД како и внуци.