Македонија
19. јуни 2020 - 9:31

Почина Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН и поранешен новинар

 Почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар Атанас Ковачевски кој на јавноста и беше познат од ТВ екраните.

Работеше како новинар и презентер на вестите во МРТВ и во Канал 5, а последните години беше портпарол на ЕВН.

На социјалните мрежи, колеги и пријатели изразуваат сочувство и се простуваат од Ковачевски.