Свет
6. February 2016 - 9:21

Почина астронаутот Едгар Мичел

Американскиот астронаут Едгар Мичел, шестиот човек кој беше на Месечината, почина на 85 години, соопшти неговото семејство.

Како дел од Мисијата 14 во 1971 година Мичел помина повеќе од девет часа на површината на Месечината.

Тој тврдеше дека доживеал „просветлување“ во вселената и подоцна се посвети на проучување на умот и необјаснивите феномени.

Мичел, исто така, тврдеше дека вонземјани ја посетиле Земјата.