Македонија
30. November 2020 - 11:58

Почина Анте Дуковски

Доцна синоќа на 66-годишна возраст, во Скопје, почина Анте Дуковски.

Тој беше синоним за кошарка, особено во тимот на МЗТ Скопје, каде помина најголем дел од својата играчка, но и тренерска кариера.

Беше играч на велешки Борец, тренер и на Жито Вардар, заигра и во Работнички.