Почина американскиот кардинал Ло вмешан во скандалот со сексуално злоставување
Кардиналот Бернард Ло, кој беше приморан да поднесе оставка од местото бостонски надбискуп во 2002 година поради скандал со сексуално злоставување, почина во Рим на 86-годишна возраст.
Кардиналот Ло беше обвинет за преместување на свештеници педофили од една во друга парохија, наместо да се соочат во обвинувања. По заминувањето од Бостон, тој се вработи во Ватикан, каде работеше до 2011 година.
Бостонската надбискупија во јануари 2002 година ја потресоа наводи за сексуално злоставување кое во текот на неколку децении го извршиле десетци свештеници. Оваа надбискупија избегна банкрот со тоа што се согласи да продаде земја и објекти за повеќе од 100 милиони долари за да финансира судски спогодби со повеќе од 500 жртви на злоставувањето.
Скандалот го поттикна Ватикан да подготви нова стратегија за борба против сексуално злоставување на деца во римокатоличката црква.
Кардиналот Ло бил именуван за бостонски надбискуп во 1984 година, но се повлече од функцијата во 2002 година по низа извештаи „Спотлајт“ на истражувачки тим од весникот „Бостон Глоуб“.
Во овие извештаи се наведуваше дека десеци свештеници кои сексуално злоставувале деца со години, се преместувани од една во друга парохија за време на мандатот на кардиналот Ло, а за тоа не биле известени ниту парохиите, ниту полицијата.
Овие извештаи доведоа не само до оставка на кардиналот Ло, туку и до разоткривање на други случаи на злоставување во 102 градови во САД и 105 бискупии ширум светот. ј
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање