Македонија
25. August 2018 - 15:09

Почина актерот Ванчо Петрушевски

Еден од најпознатите македонски актери, Ванчо Петрушевски, почина на 67-годишна возраст.
 
- Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме, напиша на својот Фејсбук профил директорот на Драмски театар.
 
Причината за смртта се уште не е позната.
 
Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 19755 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје" од Д. Јовановиќ.
 
Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Познат е по своите улоги во Македонски народни приказни. Во 2016 година освои Државна награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.