Џет-Сет
9. February 2018 - 10:24

Почина актерот од „Ослободување на Скопје“

Српскиот актер Небојша Глоговац почина утрово на 48-годишна возраст, јави „Блиц“, повикувајќи се на извори од Институтот за онкологија.

Глоговац кон крајот на јануари беше итно примен во болница и тогаш беше соопштено дека неговата здравствена состојба е сериозна.

Веќе две децении беше еден од најдобрите актери во Србија, а глумеше во многу филмови, меѓу кои и „До коска“, „Буре барут“, Кога ќе пораснам ќе бидат кенгур“, „Ќе се вратат штрковите“ како и македонскиот филм„Ослободување на Скопје“.