Џет-Сет
11. March 2016 - 9:34

Почина актерот Драган Николиќ

Познатиот српски актер, Драган Николиќ почина денеска во болница во Белград на 71-годишна возраст, јави Б92.

Николиќ, кој неодамна беше опериран, итно е примен во болница каде лекарите се бореа за неговиот живот. Тој беше на апарати и не можеше самостојно да дише.

Актерот веќе некое време боледуваше од тешка болест на дигестивниот систем.

Николиќ веќе во 1964 година ја доби првата филмска улога во „Вистинска состојба на работите“, а првата значајна улога ја играше во филмовите „Кога ќе бидам мртов и бел“ и „Животот е убав“ од 1967 година. Тој се прослави со улогата во ТВ серијата „Отпишани“, по која многумина и денес го паметат како Прле.

Николиќ беше во брак со актерката Милена Дравиќ.