Почина актерката Радмила Живковиќ, нам позната како луда Дока
Легендарната српска актерка Радмила Живковиќ почина на 72-годишна возраст во Белград, потврдија од Народниот театар.
Ќерката на Радмила, Бојана Бамбиќ, исто така актерка, ја потврди веста за смртта на својата мајка и побара од медиумите да ја почитуваат приватноста на семејството во овие тешки моменти.
Радмила Живковиќ починала во болница по долго и тешко боледување.
Со текот на годините, Радмила Живковиќ постигна импресивна кариера во актерството, а публиката имаше можност да ја види во многу остварувања.
Легендарната Радмила Живковиќ ќе ја паметиме како Дока од „Зона Замфирова“, Ѓилда од „Среќни људи“, Ибољка од „Улицата на липите“, Јованка Љутиќ од „Пристигнуваат доларите“… Радмила оствари улоги и во филмовите „Сок од сливи“, „Посебен третман“, „Вариола вера“, „Уште овој пат“, „Збирен центар“, „Секогаш спремни жени“, „Полтрон“, „За покојникот сè најдобро“, „Ледина“…
Таа се истакна како Живка во претставата „Госпоѓа министерка“ во режија на Јагош Марковиќ.
Како театарска актерка, Радмила Живковиќ играла во Ателје 212, Театар Теразиjе, Театар Звездара, Народен театар во Белград.
Добила бројни престижни награди, како што се наградата „Жанка Стокиќ“, Златна арена во Пула, Царицата Теодора во Ниш и други.
Ново на Сител
-
Русија го блокира Вибер
-
Сириските Курди тврдат дека нема преговори меѓу СДФ и новата влада во Дамаск
-
Магла на Ѓавато и Плетвар
-
Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета
-
Му однел јадење на татко му кој работел на објект паднал и починал, 23 годишник загина во Скопје
-
Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања