Македонија
29. јуни 2020 - 10:47

Почина 56-годишен скопјанец во сообраќајна незгода

На 28.06.2020 во 15.20 часот било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во близина на надвозникот „Инџиково“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву рејсер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(56) од Скопје и патничко возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки, кое поради дефект, од страна на возачот М.К.(35) од Дебар било паркирано на десната страна од коловозот.

Во незгодата Т.Б. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.