Македонија
25. July 2020 - 14:04

Почина 49 годишна жена по пад од тераса

На 24.07.2020 околу 14.20 часот во Полициската станица Крушево било пријавено дека на ул.„Нико Доага“ во Крушево од тераса на нејзината куќа паднала О.Х.(49) - лице со посебни потреби. Таа била пренесена во ЈЗУ-Крушево, од каде по укажаната лекарска помош била префрлена во болницата во Прилеп каде починала. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.