Македонија
7. April 2020 - 20:34

Почина 45-годишен скопјанец заразен од коронавирус на пат кон болницата „8 Септември“

 Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарен факултет, починал на пат кон болницата „8- ми Септември“, соопшти владината прес-служба.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата попладнево информираше за пет починати пациенти, четворица на Клиниката за инфективни болести (од нив еден од Куманово, од Лабуништа, од Челопек, од Штип) и уште еден пациент починал во Куманово.