Македонија
19. February 2019 - 9:22

Почеток на проектот „Здружени за посилно граѓанско општество“

Граѓанскиот активизам и невладиниот сектор се соочуваат со недостаток на информации кои ќе овозможи транспарентна и еднаква можност на градење на внатрешен капацитет на организациите.

Ваков став имаа поголемиот број на учесници кои беа дел од првата работилница на ЦЕТ платформа која се се оддржа во мултимедијалниот центар Мала станица. Се лоцираа и низа проблеми со кои се соочуваат младите кои се трудат да бидат активни чинители во носењето на одлуки во општеството. Според нив неинформираноста и недоволните вештини за аплицирање на проекти ги замрзнува активностите на матичните организации.

ЦЕТ платформа во наредните четири месеци преку неколку иницијативи и обуки ќе се обиде да ги обучи активистите и членовите на невладиниот сектор да стекнат знаеење за апликативните процеси од неколку регионални и европски програми.

Според претседателот на ЦЕТ платформа, Бојан Коцевски во наредниот период активно ќе се спроведат низа активности со цел надминување на бариерите и охрабрување на младите да аплицираат на проекти од програмите, како и да се мотивираат да бидат поактивни во работата на граѓанските организации.

- Проектот е добра можност за вмрежување на повеќе граѓански организации, како координација на нивните интереси и понатамошно соработување, со цел намалување на конкурентноста и зголемување на квалитетот и шансите при аплицирањето кон Европските и регионалните програми. Од друга страна, проектот нуди можност за млади активисти и волонтери од граѓански организации да ја разберат подобро нивната улога во општествените процеси и да го зајакнат граѓанскиот сектор со компетитивност и нови стекнати вештини.

Проектот „Здружени за посилно граѓанско општество“ е финансиски поддржан од Агенцијата за млади и спорт со цел подршка на НВО секторот и нивна поголема видливост во општеството.