-->
-->
Почеток на нова ера, за прв пат успешно приземена ракета од вселената
-->
Ракетата Falcon 9 успешно се приземји што претставува историски успех и пресвртница во истражувањето на вселената, по неколкуте неуспешни обиди на компанијата SpaceX. Во шестото лансирање на ракетата Falcon 9 оваа година, таа успешно ја напушти платформата во Кејп Канаверал во Флорида.
Во десет минутниот лет ракетата во вселената го лансираше сателитот Orbcomm, а потоа место да падне на земјата, успешно го приземји погонскиот дел.
Лансирањето првично беше најавено за 19 декември, но беше одложено поради најавите за подобри временски услови, што се покажа како правилен потег.
Од SpaceX објаснуваат дека лансирање на ракета во вселената изнесува околу 60 милиони долари, а со новите достигнувања таа може да се намали за два до три пати, што дефинитивно ќе има позитивен ефект врз вселенските истражувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи