Почесниот конзулат на Малта ќе помогне за враќање на телото на загинатиот Македонец
Почесниот конзулат на Малта во Р Македонија, по добиени информации од медиумите за трагичната несреќа на млад Македонец на Малта, стапи во контакт со семејството на загинатиот Мартин Костов.
Семејството беше информирано дека почесниот конзулат ќе обезбеди се што е потребно во постапката за враќање на телото во татковината.
Конзулатот, во соработка со надлежните дипломатски претставници во Валета, ќе пружи итна и целосна поддршка за реализирање на процедурите кои се задолжителни во меѓународни рамки за вакви трагични случаи.
Почесниот конзул, проф. д-р Кочо Анѓушев во телефонски разговор со семејството, во овие моменти на неизмерна тага, изрази длабоко сочуство за ненадоместливата загуба и најави дека покрај асистенцијата на Конзулатот, тој лично ќе пружи финансиска помош за семејството.
Ново на Сител
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата