Македонија
6. September 2019 - 14:29

Почесна артилериска стрелба по повод 8-ми Септември– Денот на независноста

Утре, 7-ми септември 2019 година (сабота), со почеток во 18.00 часот, по повод 8-ми Септември– Денот на независноста, од касарната ,,Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата, соопштија од таму.

Претходно, во периодот од 15 до 17 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од 6 артилериски орудија.