ПОЦ воведува промени во начинот на користење на резидентните паркиралишта
Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) воведува промени во начинот на користење на резидентните паркиралишта со кои стопанисува, односно отсега тие ќе бидат наменети само за станарите кои живеат во тоа подрачје.
Од ПОЦ појаснуваат дека промените се воведуваат со цел да им се овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за сопствени потреби.
– Со овие промени ќе се воведе ред во паркирањето на резидентните паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието со цел ослободување на тротоарите, пешачките зони и јавните површини од непрописно паркирани возила, велат од ПОЦ.
Во наредните два месеци контролори на ЈП ПОЦ ќе ги опоменуваат сите возила што ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште или резидентна улица, а не се корисници-резиденти на секторот каде се паркирани, а од 10 април оние кои ќе постапуваат спротивно ќе бидат санкционирани со поставување на механичкото средство „блокатор“ или ќе бидат отстранети со специјалното возило „пајак“.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово