Живот
10. October 2017 - 14:58

Побеснат маж ја затекнал сопругата со љубовник во кревет, него крвнички го претепал а нејзе...

Полицијата организира итна потрага по маж кој е снимен како ја тепа својата жена, откако го претепал нејзиниот љубовник, пренесува Мирор.

Љубоморниот маж во Русија, ја тепа својата гола сопруга која лежела на креветот покриена со тенок прекривач.

На снимката може да се види дека таа веќе е прекриена со крв и дека вреска додека тој повторно ја тепа.

Жената цело време го моли својот маж да престане да ја тепа. Мажот на тоа прашува што погрешил што морала да најде нов љубовник.

Тогаш и рекол дека тоа одамна сакал да го направи и ја прашал дали во еден момент помислила на децата. За тоа време љубовникот лежел на подот, покриен со пешкир а може да се забележи дека и тој е прекриен со крв.

Видеото го снимил пријател на мажот кој му се придружил во вербалниот напад на неговата жена.

Мажот ја нарекувал жената ку*ва, а нејзината состојба и состојбата на љубовникот не се познати, пренесува Мирор.

Портпаролот на полицијата истакнал дека прави максимални напори за да се утврди идентитетот на напаѓачот.

Погледнете го видеото: