Живот
3. August 2018 - 9:28

Побегнала од дома кога имала 14 години: Пет години мајката немала ниту трага ниту глас од неа, а потоа и стигна ова писмо

Една мајка од Флорида ја сподели својата радост со сите откако прими писмо од својата ќерка која исчезнала уште во 2013 година.

Емили Винел Пол побегнала од дома кога наполнила 14 години и од тогаш нејзините родители ништо не слушнале за неа. Таа тогаш им оставила порака дека бега од дома и од тој момент не знаат кај се наоѓа и се загрижени за нејзината безбедност.

Нејзината мајка Пем, на 26 јули се вклучила на својот Фејсбук профил за да ги извести своите пријатели и семејството дека и стигнало писмо за кое верува дека го напишала нејзината ќерка.

Како што рече, таа не знае каде се наоѓа Емили, ниту дали планира да се врати дома, но сеедно е среќна зошто знае дека ќерката и е добро. Таа исто така им се заблагодари на сите за љубовта и поддршката сето ова вре,е

Пред да ја напушти куќата и да исчезне, девојчето пребарувало на интернет како да побегне и следела сајтови на кои младите даваат совети како да не бидат пронајдени. Откако побегнала не користи Фејсбук, па се сомневаат дека го користи својот Иксбокс за да комуницира со луѓето кои не се дел од нејзиното семејство.

Полицијата истакнува дека веруваат писмото што нејзината мајка го добила, навистина е непишано од ќерката.