Џет-Сет
14. May 2017 - 9:06

Победникот на Евровизија крие голема тајна, она што му се случува на момчето ќе ве расплаче

Победникот на 62. Евровизија, Португалецот Салвадор Собрал (27), од самиот почеток важеше за фаворит, а никој не знаеше каква тајна крие ова момче.

Неговата песна "Amar Pelos Dois" е многу тажна, а речиси и да не постои човек кој не заплакал кога ја слушнал тажната приказна за ова момче. Имено, Салвадор наводно чека пресадување на срце, но не сака тоа да се знае за да не го сожалуваат луѓето.

Салвадор има здравствени проблеми со срцето, но се останато е само нагаѓање, меѓутоа за неговата приказна пишуваа и странските медиуми.

Првите две проби во Киев наместо Салвадор ги пееше неговата сестра Луиса (инаку композитор), а нејзиниот брат поради срцевите проблеми не можел да ја напушти земјата на подолг период. Тој после сите пејачи стигна во Киев, а до крајот на годината мора да најде донатор на срце или шансите за преживување му се речиси никакви.

На второ место беше претставникот од Бугарија,а трета Молдавија.